Русија: Билатералните односи со соседна Украина во иднина се неизбежни / Photo: Reuters

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека во иднина се неизбежни односите на Русија со соседната земја Украина.

Песков во рускиот главен град Москва даде изјава за новинарите во врска со актуелните теми.

Во рамки на изјавата, Песков се осврна и на односите на Русија со соседната земја, Украина.

„Покрај сите пропагандни текови на омраза против Русија, и покрај тоа што украинскиот народ е измамен со пропаганда, сепак во земјата постојат одредени размислувања и пристапи за иднината на нашите билатерални односи. Ова е неизбежно затоа што сме соседи“, додаде Песков.

TRT Balkan / агенции
Популарни