Русија: Испораката на тенкови во Украина е вмешување на НАТО во судирот / Photo: AA

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија смета дека најавената испорака на оружје и тенкови за Украина од страна на европските земји и земјите од НАТО, е нивна директно вмешување во конфликтот.

„Постојано се даваат изјави од европските престолнини и Вашингтон дека испраќањето различни системи на оружје, вклучително и тенкови, во Украина, во никој случај не значи дека овие земји или Алијансата се вклучени во борбите што се водат во Украина. Ние категорично не се согласуваме со ова“, изјави Песков на брифинг во Москва.

„Сè што прават Алијансата и главните градови што ги спомнав, во Москва се доживува како директно вклучување во конфликтот“, нагласи тој.

Песков додаде дека Москва забележува дека оваа вклученост расте.

САД вчера објавија дека ќе испратат тенкови „Абрамс“ во Украина, додека Германија, Шпанија и Норвешка соопштија дека на Киев ќе му достават тенкови „Леопард 2“.

Украина веќе одреден период врши притисок за добивање на тенковите, заедно со друго оружје, нагласувајќи дека се потребни за да се спротивстави на очекуваната руска офанзива оваа пролет.

TRT Balkan / агенции
Популарни