На списокот на санкции е и Џил Бајден, сопругата на американскиот претседател Џо Бајден     Фото: Агенција Анадолија

Руското Министерство за надворешни работи одлучи да санкционира 25 американски државјани, меѓу кои и сопругата на американскиот претседател Џо Бајден, Џил Бајден, и ќерката Ешли Бајден.

Во соопштението на Министерството се наведува дека САД постојано ги прошируваат санкциите против руските политички експерти и јавни личности.

Како одговор на ова, во соопштението се истакнува дека на 25 американски државјани им е забранет влезот во Русија на неодредено време, а исто така објавена е и листа со имиња за кои се воведени санкции.

На списокот се членови на групата „Мекфол-Јермак“, сенатори и универзитетски персонал, кои развија предлози за санкции против Русија.

Меѓу другото, на списокот на санкции се и сопругата на американскиот претседател Џо Бајден, Џил Бајден, и ќерката Ешли Бајден.

AA
Популарни