Советот за човекови права што е составен од 47 земји гласаше 28 спрема 6 за резолуцијата, а 13 беа воздржани / Photo: AA

Советот за човекови права на Обединетите нации денес усвои резолуција со која се повикува Израел да одговара за можните воени злосторства и злосторствата против човештвото извршени во Појасот Газа.

Резолуцијата, исто така, бара запирање на продажбата на оружје за Израел, нагласувајќи ги предупредувањата за „геноцид“ во неговата војна против Газа.

Советот за човекови права што е составен од 47 земји гласаше 28 спрема 6 за резолуцијата, а 13 беа воздржани.

Аргентина, Бугарија, Германија, Малави, Парагвај и САД гласаа против предлогот поднесен од Пакистан во име на Организацијата за исламска соработка.

САД и Германија рекоа дека предлогот нема никаква осуда на Хамас, кој започна напад врз Израел на 7 октомври.

Белгија, Финска и Луксембург го поддржаа предлогот.

Меирав Ејлон Шахар, амбасадор на Израел во ОН во Женева, ја опиша резолуцијата како „дамка за Советот за човекови права и за ОН како целина“.

Амбасадорката на САД Мишел Тејлор рече: „Премногу цивили се убиени во овој конфликт и секоја смрт на цивил е трагедија“.

AA
Популарни