Сигрид Кааг: Ниту една организација не може да ја замени УНРВА / Photo: AA

Новиот хуманитарен координатор на ОН синоќа изјави дека ниту една организација не може да го замени „огромниот капацитет“ на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА).

„Мислам дека го слушнавте генералниот секретар и другите агенции, и тие беа многу јасни. Во овој момент, освен политичките одлуки, посветени на Генералното собрание, нема шанси која било организација да го замени огромниот капацитет, структурата на УНРВА, нивните способности и нивното знаење за населението во Газа“, рече Сигрид Каг, виш координатор на Обединетите нации за хуманитарна помош и реконструкција за Газа, на прес-конференција.

Некои вработени во УНРВА, наводно, биле вмешани во прекуграничниот напад врз Израел на 7 октомври од страна на палестинската група Хамас.

Најмалку 12 земји - Германија, Швајцарија, Италија, Канада, Финска, Австралија, Обединетото Кралство, Холандија, САД, Франција, Австрија и Јапонија - го суспендираа финансирањето на УНРВА, која беше основана во 1949 година за да им помогне на палестинските бегалци ширум Средниот Исток.

УНРВА соопшти дека ги раскинала договорите на неколку вработени по израелските обвинувања.

Според Кааг, главните прашања за кои се разговарало за време на седницата на Советот за безбедност на ОН билр патиштата за снабдување во Газа и дистрибуцијата низ енклавата, како и воспоставувањето механизам на ОН.

„Ова не е за броење камиони“, рече Кааг.

„Ова се однесува на обемот, квалитетот, брзината и континуираната испорака на хуманитарни и комерцијални стоки кои треба да стигнат до цивилите во Газа, а механизмот е поставен и навистина може да помогне да се олесни тоа. Ни помага да следиме и ни помага да ја подобриме транспарентноста...Помага во верификацијата и очигледно дека знаеме дали помошта стигнала до цивилното население.“, додаде Кааг.

AA
Популарни