Украина веќе втора недела е под ракетни и напади со беспилотни летала.        Фото: Ројтерс

Во украинскиот главен град Киев и во регионите Миколаев, Кировохрад, Черкаси и Полтава утрово беа пуштени сирени за воздушна опасност, додека продолжувањето на ракетните и беспилотни напади во земјата влезе во својата втора недела, според официјални лица.

Гувернерите на провинциите на нивните профили на Телеграм преку пораки издадоа предупредувања, повикувајќи ги локалните жители да се засолнат.

Во регионот Запорожје беше пријавено дека кај локално училиште паднала ракета, иако повеќе информации за уништувањето и можните цивилни повреди допрва треба да бидат објавени.

Во меѓувреме, локалните извештаи велат дека во Миколаев се слушнале експлозии, кои се случиле пред објавувањето на сирените за воздушна опасност.

AA
Популарни