Министерството за здравство допрва треба да даде точен биланс на жртвите / Фото: AA

Голем број Палестинци се убиени и ранети денес откако израелските сили отворија оган врз толпа цивили кои чекаа хуманитарна помош јужно од градот Газа.

Стотици Палестинци чекаа да земат помош во близина на Довар ал Наблуси, јужно од градот Газа, кога е пукано на нив, изјавија очевидци.

Министерството за здравство допрва треба да даде точен биланс на жртвите од нападот.

Израел започна смртоносна воена офанзива во Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври, во кој Тел Авив вели дека загинале речиси 1.200 Израелци.

Оттогаш во израелските напади загинати се над 30.000 Палестинци, а над 70.000 се повредени. Предизвикано е масовно уништување и недостиг на неопходните нешта за живот.

Израел, исто така, воведе остра блокада врз Појасот Газа, оставајќи го неговото население, особено жителите на северна Газа, на работ на изгладнување.

Поради нападите, 85 отсто од населението на Газа е внатрешно раселено, а постои и акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетенa или уништенa, според Обединетите нации.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда донесена во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејствија и да преземе мерки за гарантирање дека ќе се дозволи влез на хуманитарна помош за цивилите во Газа.

AA
Популарни