Украинскиот претседател Владимир Зеленски синоќа изјави дека зголемувањето на одбранбената поддршка на Киев ќе обезбеди брзо завршување на војната со Русија.              Фото: Ројтерс

Украинскиот претседател Владимир Зеленски синоќа изјави дека зголемувањето на одбранбената поддршка на Киев ќе обезбеди брзо завршување на војната со Русија.

„Колку повеќе одбранбена поддршка добиваат нашите херои на фронтот од светот, толку побрзо ќе заврши руската агресија и посигурни ќе бидат безбедносните гаранции за Украина и сите наши партнери по војната“, изјави Зеленски.

Тој посочи дека е неопходно на Украина да ѝ се испратат ракети со долг дострел, авиони и да се прошири соработката со НАТО.

Изразувајќи задоволство од одлуката на САД да донираат тенкови „Абрамс“ и други оклопни возила на Украина и одлуката на Германија да испрати тенкови „Леопард 2“, Зеленски рече дека е благодарен на американскиот претседател Џо Бајден и на германскиот канцелар Олаф Шолц.


AA
Популарни