Рускиот воен транспортен авион Иљушин Ил-76 беше соборен во близина на регионот Белгород / Фото: Reuters

Франција го отфрли барањето на Русија да свика состанок на Советот за безбедност на ОН во четврток на кој ќе се разговара за падот на рускиот воен авион кој превезувал украински воени затвореници за размена, соопшти во руската мисија во ОН.

Франција го избра патот на „злоупотреба на своите овластувања како претседавач со Советот за безбедност во јануари и одбива да го исполни нашето барање за итен состанок на Советот за безбедност на ОН поради терористичкиот напад на режимот во Киев“, напиша Дмитриј Полјански, заменик-амбасадор на Русија во ОН .

Според него, Франција се обидува „да купи време“ за Украина „да излезе со барем некакво веродостојно објаснување“ за смртоносната несреќа.

Руското Министерство за одбрана во средата ја обвини Украина дека го соборила воениот авион Ил-76 во кој биле заробени украински војници за размена на затвореници.

Во авионот имало 65 заробени украински војници, шест членови на екипажот и тројца придружници.

Екипажот и сите патници во авионот се убиени, се вели во соопштението, нарекувајќи го она што се случило „монтиран терористички напад“ со цел да се обвини Русија за убиство на украински војници.

Украинските власти „добро знаеле за планираниот транспорт“ однапред, нагласи Министерството.

AA
Популарни