UNSC / Photo: AP Archive

Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) денес ќе одржи седница на која ќе се расправа за тврдењата на Украина за рускиот воздушен напад врз детската болница во главниот град Киев.

Петнаесетчлениот совет ќе се состане во 10 часот по локално време во Њујорк, најави британската амбасадорка во ОН, Барбара Вудворд.

„Ќе го осудиме кукавичкиот и подмолен напад на Русија врз болницата“, напиша Вудворд на социјалната мрежа Х.

Русија во моментов претседава со Советот за безбедност на ОН.

Вчера украинскиот претседател Владимир Зеленски ја обвини Русија за напад врз детската болница во Киев. Тој истакна дека нападот се случил во пресрет на Самит на НАТО во САД оваа недела.

Руското Министерство за одбрана ги отфрли овие тврдења.

AA
Популарни