Зеленски: Оваа година треба да се стави крај на руската агресија / Photo: AA

Украинскиот претседател Владимир Зеленски истакна дека Украина има потреба од помош од оружје со цел оваа година да се стави крај на војната која продолжува во неговата земја против Русија.

На интернет-страницата на Претседателството на Украина е објавена видеопораката на Зеленски. Претседателот на Украина нагласи дека остварил телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон. Зеленски истакна дека Франција ќе испрати тенкови на тркала во Украина. Укажувајќи на важноста на француската помош од оружје, Зеленски рече дека Украина има потреба од ваква помош во војната против Русија.

Украинскиот претседател нагласи дека помошта во оружје за Украина е важна и за безбедноста на Европа.

„Треба да се стави крај на руската агресија“, додаде Зеленски.

Тој тврди дека Русија се подготвува за нов бран напади против Украина, нагласувајќи дека ги информирал лидерите на неколку земји за ова прашање. Според него, целта им е да ги ослободат сите територии на Украина, додека, како што рече, потребно е што е можно побрзо повторно да се обезбеди мир во неговата земја. Зеленски истакна дека руската војска продолжува да го зголемува своето воено присуство во Доњецк.

TRT Balkan / агенции
Популарни